Достапни линкови

Девет години затвор за првообвинетиот за грабежот во Тутунска банка


Илустрација

Девет години и два месеци затвор доби првообвинетиот за грабежот на НЛБ Тутунска банка Бобан Смилевски. Неговиот брат Горан како второобвинет доби шест и пол години, третообвинениот Борис Мичевски е осуден на пет години и два месеци, додека четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна затворска казна за затајување.

Со пресудата, која денеска беше соопштена во Основниот суд Скопје 1, осудените се должни да го вратат целиот износ кој го украле од НЛБ банка.

Адвокатите на обвинетите сметаат дека казните се престроги и најавија жалби.

Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вината, но не открија што сториле со украдените пари.

Тие беа обвинети дека со умисла и во повеќе наврати украле вкупно 2,4 милиони швајцарски франци и 645 илјади евра.

Надлежниот обвинител кој постапува во предметот до Судот доставил и обвинителен предлог против други четири лица, на кои како одговорни лица во банката кои постапиле несовесно и со тоа го овозможиле противправното присвојување на паричните средства во горенаведениот износ. Постапката против овие четири лица продолжува одвоено.

XS
SM
MD
LG