Достапни линкови

Полицијата упадна во редакцијата на весник во Калининград


Калининград

Безбедносните сили вчера упаднале во канцелариите на весникот Нове колеса во руската ексклава Калининград на Балтичкото Море и го уапсиле главниот уредник Игор Рудников. Според некое наводи, тој бил претепан од полицијата.

Властите велат дека тој бил уапсен под сомнение за изнуда, но неговите колеги ги отфрлаат таквите тврдења како неосновани. Тие сметаат дека причина за апсењето се пишувањата во весникот, меѓу кои и истражувачките приказни дека еден висок калининградски инспектор, Виктор Ледњов, поседува луксузен имот.

Властите го сомничат Рудников дека изнудувал пари од луѓе за да не објави компромитирачки материјали за нив.

XS
SM
MD
LG