Достапни линкови

Тече рокот за жалби до Управниот суд по одбивањето на приговорите од ДИК


Гласање на локалните избори 2017 во Скопје

Државната изборна комисија ги одби сите приговори за вториот круг од локалните избори, а против одлуката на ДИК, подносителите на листите имаат можност да достават тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

Управниот суд е должен по жалбата да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК вчера на седница ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори. Од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА, 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имале исти наводи и се однесувале на општина Чаир.

Отфрлени се сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот од НДМ. Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците, ДИК се отфрлени како неосновани, додека приговорот на НДМ е отфрлен како неуреден.

XS
SM
MD
LG