Достапни линкови

Пресуда за грабежот во Тутунска банка


Илустрација: Куфер со пари

Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде соопштена пресудата на обвинетите за грабежот во „Тутунска банка”.

Скопското Јавно обвинителство на рочиште што се одржа на 27 октомври побара од Судот на обвинетите за грабежот да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години.

Адвокатите побараа поблаги казни за четворицата обвинети, бидејќи тие ја признале вината. Сепак, обвинетите не открија што сториле со украдените пари.

Јавното обвинителство соопшти дека четворицата се изјасниле за виновни и оти со умисла и во повеќе наврати украле вкупно 2,4 милиони швајцарски франци и 645 илјади евра.

XS
SM
MD
LG