Достапни линкови

Во Британија истрага дали Русија влијаела и врз Брегзитот


илустрација

Британските власти почнале да испитуваат дали Русија се обидела да влијае врз британскиот референдум во минатата година за напуштање на Европската унија, објавија британските медиуми. Весникот „Тајмс“ наведува дека ова било откако се појавиле нови докази во САД дека Русија можеби ги користела Фејсбук и другите социјални медиуми за да влијае врз претседателските избори во 2016 година, наводно, купувајќи реклами и користејќи „тролови“ преку кои успеала да допре до, според проценките, 126 милиони Американци, скоро половина од американските гласачи. Во Британија се шпекулира дека Русија можеби настојувала слично да влијае врз гласањето за Брегзит.

XS
SM
MD
LG