Достапни линкови

Сириската војска ја презела контролата врз градот Деир ел Зор


Сириската војска со поддршка на Русија ја вратила контролата врз градот Деир ел Зор од милитантите на Исламската држава, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Информацијата се уште не е официјално потврдена, но сириските медиуми јавија дека војската напредувала во овој најголем град на истокот на земјата на границата со Ирак. Според Сириската опсерваторија, борбите биле прекинати и сега се спроведувала операција на деминирање. Силите на сириската влада со поддршка на руски авиони од септември водат офанзива за овој град.

XS
SM
MD
LG