Достапни линкови

ДИК ги отфрли сите приговори


Прес-конференции на Државната изборна комисија (ДИК). Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Државната изборна комисија ги разгледа и ги отфрли сите приговори поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година. Како што изјави за МИА портпаролот на ДИК Љупка Гугучевска, од вкупно 89 приговори поднесени од БЕСА, одбиени се 88, а еден приговор е повлечен од партијата. На барање на БЕСА 84 приговори биле разгледани како еден бидејќи имаат исти наводи и се однесуваат на општина Чаир. Членовите на ДИК, исто така, ги отфрлија сите 13 приговори поднесени од Алијансата за Албанците за гласањето во Струга, како и приговорот поднесен од НДМ. Приговорите на БЕСА и на Алијансата за Албанците ДИК ги отфрли како неосновани, додека приговорот на НДМ како неуреден.

XS
SM
MD
LG