Достапни линкови

Трамп ќе побара дополнителна изолација на Северна Кореја


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги повика сите земји дополнително да ја изолираат Северна Кореја, чија нуклеарна програма претставува „закана за целиот свет“, соопшти синоќа Белата куќа. Трамп денеска од Вашингтон треба да замине на десетдневна турнеја во текот на која ќе посети пет азиски држави: Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините. „Една од главните цели на првата посета на Трамп во тој регион е јакнење на решеноста на меѓународната заедница за денуклеаризација на Северна Кореја“, изјави неговиот советник за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер.

XS
SM
MD
LG