Достапни линкови

Ердоган: Во судирите меѓу безбедносните сили и ПКК загинаа вкупно 30 лица


Во судир меѓу турските безбедносни сили и курдските милитанти, во два округа во југоисточна Турција, биле убиени вкупно 30 лица - осум членови на безбедносните сили и 22 милитанти, изјави претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган. Судири избија во близина на градот Шемдинли во турскиот округ Хакари, кој се наоѓа на границата со Ирак, откако безбедносните сили забележале група бунтовници, кои подготвувале напад. Шестмина турски воени и двајца припадници на локалната полиција, поддржана од турската држава, загинале во судирите. Ердоган, за време на говорот во Анкара, соопшти дека 17 курдски борци биле убиени во судирите, а пет други борци загинале во судирите во округот Тунчели. Во својот говор, Ердоган вети дека ќе продолжи со операциите против ПКК.

XS
SM
MD
LG