Достапни линкови

Шпанските обвинители бараат апсење на Пучдемон


Шпанските обвинители побараа европски налог за апсење за соборениот лидер на Каталонија, Карлос Пучдемон и четворица членови на неговата сменета влада. Сите петмина денеска не се појавија во судот во Мадрид поради обвинувањата за бунт, побуна и злоупотреба на јавните средства за нивната улога на спорниот референдум за независност на автономниот регион. Адвокатот на Пучдемон изјави дека климата "не е добра" за неговиот клиент, кој замина во Брисел на 30 октомври. Девет други отпуштени членови на регионалната влада се појавија на сослушување на судот. Обвинителите побараа осум од нив да бидат задржани во притвор без кауција. Тие рекоа дека деветтиот треба да добие кауција. Каталонските лидери не се формално обвинети. Судијата ќе одлучи дали треба да одат во затвор, во очекување на истрага што би можела да доведе до судење.

Шпанија е погодена од кризата која настана по одржувањето на референдумот за независност во Каталонија, и покрај тоа што одлуката на Уставниот суд ја прогласи за незаконска. Шпанската централна влада привремено ја суспендираше автономијата на северозападниот регион, отпушти функционери и повика на предвремени избори во декември.

XS
SM
MD
LG