Достапни линкови

Апелација одлучи „бомбите“ да бидат доказ за „Тендери“


Апелацискиот суд Скопје одлучи дека „бомбите“ може да се користат како доказ во судската постапка во случајот „Тендери“, во кој е обвинета поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Одлуката е донесена врз основа и на претходните две одлуки со кои Апелацискиот суд одлучи дека „бомбите“ можат да бидат доказ во предметите „Насилство во Центар“ и „Триста“. Апелацискиот суд на две јавни седници утре ќе одлучува дали бомбите ќе бидат докази и во предметот „ТНТ“ за уривањето на станбениот комплекс „Космос“ и во предметот „Топлик“ за случајот „Сончев град“.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“. Во случајот „Тендери“ обвинета е Канчевска Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Во „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“, а „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

XS
SM
MD
LG