Достапни линкови

Меј назначи нов министер за одбрана на Британија


Британската премиерка Тереза Меј го назначи Гевин Вилијамсон за нов министер за одбрана, откако неговиот претходник Мајкл Фелон беше принуден да поднесе оставка поради скандалот со сексуално вознемирување. Вилијамсон претходно беше шеф на пратеничката група на Конзервативците во парламентот. Фелон синоќа се повлече од функцијата, откако изјави дека неговото однесување „паднало под неопходните високи стандарди“ за таа работа. Претходно оваа недела Фелон се извини зашто ставил рака врз коленото на една новинарка во 2002 година. До извинувањето дојде откако се раширија шпекулации дека може да се појават и други обвинувања.


XS
SM
MD
LG