Достапни линкови

СЈО очекува осудителна пресуда за случајот „Тврдина 2“


Специјалното јавно обвинителство очекува Горан Грујевски и останатите шест обвинети во случајот „Тврдина 2“ да добијат осудителна пресуда.

“Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда”, рече обвинителката на СЈО Ленче Ристоска по денешната главна расправа по овој предмет.

Завршните зборови за „Тврдина 2“ се очекува да бидат изнесени во понеделник, по што Судот треба да донесе конечна одлука. На денешната главна расправа за случајот „Тврдина 2“ судијката Лидија Петровска го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујевски, да се одложи судењето на неопределено време, додека не се заврши неговата екстрадиција од Грција во Македонија. Повикувајќи се на Законот за кривична постапка, Шврговски посочи дека доколку му се суди во отсуство, ќе му биде повредено правото на одбрана.

Обвинителите на СЈО, Трајче Пеливанов и Ленче Ристевска, пак, ги отфрлија ваквите аргументи како неосновани бидејќи, спроед нив, судењето во отсуство на Грујевски не му го ускратува правото да бара повторување на постапката. Првообвинетиот Грујевски е во екстрадициски притвор во Грција каде заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошковски беа уапсени на аеродромот во Солун со лажни пасоши.

XS
SM
MD
LG