Достапни линкови

НБРМ попесимистична од Тевдовски - Растот на БДП годинава ќе биде 0,5 отсто


Архивска фотографија: Свечена седница по повод Светскиот ден на штедењето - 31 Октомври, Министерот за финансии Драган Тевдовски, претседателот на Здружението на банкарство при Стопанската комора, Коста Митровски, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески

НБРМ ја ревидираше проекцијата на раст на БДП за оваа година на 0,5 проценти. Според априлската проекција, растот беше 2,5 проценти.

Министерот за финансии Драган Тевдовски, пак, денеска рече дека владата го ревидира растот на БДП за годинава на 1,6 проценти од првично планираниот 2,2 проценти.

Проекцијата за растот на економијата за догодина е идентична – и владата и Народната банка очекуваат БДП во 2018 година да порасне за 3,2 проценти.

XS
SM
MD
LG