Достапни линкови

Скопје се загадува со палење отпад на отворено и со несоодветни горива


Архивска фотографија: Скопје во магла

Палење отпад на отворено, кои покрај загадувањето на воздухот, претставуваат и опасност за безбедноста на граѓаните, неконтролирано користење несоодветни горива во индивидуалните куќи и во индустриски инсталации од помал капацитет, кои се под надлежност на локалната самоуправа, констатирал Државниот инспекторат при ноќните теренски контроли во Скопје направени по дојави на граѓани.

Инспекторите направиле повеќе теренски контроли на територијата на скопските општини, особено во Карпош, Ѓорче Петров и Гази Баба.

Од Министерството за животна средина истакнуваат дека е потребно усогласување на активностите на локалните и на државниот инспекторат за подобро справување со овој проблем.

XS
SM
MD
LG