Достапни линкови

Ајатолахот Хамнеи – САД се главен непријател на Иран


Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека САД се „главен“ непријател на Иран и оти Техеран никогаш нема да потклекне пред американскиот притисок во врска со нуклеарниот договор од 2015 година.

„Америка е главниот и зол непријател во вистинска смисла на зборот“, рече Хамнеи на денешната средба со група студенти.

Тој рече дека Иран никогаш нема да го прифати американското „малтретирање“ во врска со нуклеарниот договор и оти „спротивставувањето и конфронтацијата“ со САД се единствениот начин за напредок на Иран.

Договорот постигнат меѓу Иран и шесте светски сили во 2015 година предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Американскиот претседател Доналд Трап во октомври го обвини Техеран дека го крши „духот на законот“.

XS
SM
MD
LG