Достапни линкови

ДИК за приговорите од вториот круг од локалните избори


Државната изборна комисија

Државната изборна комисија на денешната седница ќе решава по приговорите поднесени на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од вториот круг на локалните избори 2017 година. Според ДИК, поднесени се стотина приговори за вториот круг од локалните избори. Во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка. ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив. Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.

XS
SM
MD
LG