Достапни линкови

Путин во Иран го поддржа нуклеарниот договор со светските сили


Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот врховен веррки лидер Ајатолах Али Хаменеи, Техеран, 01.11.2017.

Рускиот претседател Владимир Путин силно го поддржа Иран, како и нуклеарниот договор на таа земја со светските сили. Тој во Техеран изјави дека Москва се противи на каква било еднострана измена на тој договор откако американскиот претседател Доналд Трамп го оцени негативно. Путин престојуваше во еднодневна посета на Техеран на трилатерални разговори меѓу Иран, Русија и Азербејџан, главно за патните и железничките врски меѓу трите земји. Американскиот Конгрес треба да донесе одлука за договорот постигнат во 2015 година со кој Иран се согласи да го ограничи збогатувањето ураниум во замена за укинување на економските санкции.

XS
SM
MD
LG