Достапни линкови

Собранието ги верификуваше мандатите на новите пратеници


Архива - Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Новите пратеници кои во Парламентот ќе ги заменат избраните градоначалници седнаа во пратеничките клупи, откако Собранието ги верификуваше нивните мандати со 78 гласа „за“.

Татјана Лалчевска, Анета Симевска Димовска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев, Костадин Костадиновски седнуваат на местата на нивните сопартијци кои станаа градоначалници.

Собранието на почетокот на 18-та седница ги констатираше оставките на петмината пратеници кои станаа градоначалници во првиот круг од изборите: Петре Шилегов, Стефан Богоев, Сашо Поцков, Коста Јаневски и Максим Димитриевски.

Собранието денеска констатира и престанок на пратничките мандати и на пратениците Бардиљ Даути од ДПА и на Зеќирија Ибраими од БЕСА, кој оставката до Парламентот ја доставил пред вториот круг од изборите, а на нивно место доаѓаат Мерал Узеини и Реџеп Мемети.

XS
SM
MD
LG