Достапни линкови

ДИК ги разгледува приговорите од вториот круг на локалните избори


Архива - Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница ги разгледува поднесените приговори од вториот кург на локалните избори што се одржа на 29 октомври.

Според ДИК, поднесени се стотина приговори за вториот круг од локалните избори. Во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово. Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

По приемот на приговорите ДИК е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив, а против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението.

XS
SM
MD
LG