Достапни линкови

ОЈО - Истрага против девет лица за злоупотреба на службена должност


Архива - Основно јавно обвинителство.

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за спроведување на истражна постапка против девет лица кои се осомничени дека во 2014 година постапиле незаконски при одлучувањето во постапки за поднесени барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, со што нанеле штета во висина од 4 милиони и 100 илјади денари.

За лицата се води истрага за сторени кривични дела „несовесно работење во службата, злоупотреба на службена положба и овластување.“

„Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка поднесе и Предлог за определување мерки за обезбедување за шестмина од осомничените. Како мерки за обезбедување се предложени: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат во суд и одземање на патна исправа“, се вели во соопштението на Обвинителството.

Претходно денекса полициски извори неофицијално потврдија дека поранешниот градоначалник на општината Ѓорче Петров Сокол Митревски е приведен изутрината, заедно со неколку негови соработници, поради, како што наведуваат истите извори, злоупотреба на службена должност.

XS
SM
MD
LG