Достапни линкови

Навални планира да го тужи Путин и неговата администрација


Архива - Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални.

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални вели дека ќе го тужи претседателот Владимир Путин и неговата администрација за, како што ги нарекува, координираните напори за спречување на неговата кампања за претседателските избори во март 2018 година.

Навални ова го напиша денеска на неговата веб-страница и дека во последните денови властите низ Русија одбиваат да му дозволат него и на неговиот тим да организира јавни средби со гласачите.

Навални рече дека не се сомнева дека пречките се „координирани“ лично од страна на Путин, тврдејќи оти претседателот е загрижен од бројот на луѓе кои присуствуваат на неговите митинзи.

Тој исто така додаде дека ќе почне да одржува средби на приватна земја, за да ја избегне потрбата од добивање дозвола од локалните власти.

Навални води кампања за изборите, во услови кога официјалните лица рекоа дека не е подобен да се кандидира поради обвиненија за кривични дела, за кои тој вели дека се политички мотивирани.

XS
SM
MD
LG