Достапни линкови

Над еден тон марихуана запленета на Блаце


Илустрација: Марихуана

Над еден тон марихуана запленија вчера царинските службеници на граничниот премин Блаце на влез во Македонија од Косово. Дрогата, која досега е најголема количина запленета во еден случај, е пронајдена во товарно моторно возило, а возачот е во бегство.

Како што информираше директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, откако возилото стигнало за царинење, царинските службеници го известиле возачот дека ќе извршат детален преглед. По кратко време возачот избегал, оставајќи го возилото и стоката на граничниот премин.

Во камионот се превезувала отпадна хартија наменета за Турција. Меѓу балите хартија, биле пронајдени 839 пакувања завиткани во проѕирна најлонска фолија со различна тежина.

Според директорот, запленетата дрога која била наменета за пазарот во Турција би достигнала вредност до 4 милиони евра.

Полицијата извршила претрес во домот на осомничениот, кој е идентификуван како Е.Б. на возраст од 37 години. Тој се сомничи за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

XS
SM
MD
LG