Достапни линкови

Јилдирим - Турција сè уште не е на нивото од пред обидот за преврат


Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција се развива добро, но сè уште е под нивото кое го имаше пред обидот за воен удар на 15 јули 2016 година.

„И покрај затегнување на односите меѓу Турција и ЕУ, турскиот извоз кон европските држави се зголеми за осум проценти, со вредност од шест милијарди долари“, рече Јилдирим.

Приходите од туризмот се зголемиле за 38 отсто во третиот квартал на годината во однос на минатата година.

„Тој подмолен обид за државен удар ѝ нанесе огромна штета на нашата земја. Им наштети на брзите чекори кон развојот на нашата земја. Ако друга држава се бореше со такво нешто, немаше да може повторно да се исправи“, изјави тој.

XS
SM
MD
LG