Достапни линкови

Најмалку 26 загинати во саудиско бомбардирање во Јемен


Последици од саудиското бомбардирање во Јемен

Најмалку 26 луѓе загинаа во еден хотел и на пазарот во близина во провинцијата во воздушни напади предводени од коалицијата предводена од Саудиска Арабија во провинцијата Саада на северот на Јемен, информираат здравствени претставници и очевидци. Во нападот во областа Сахар во оваа провинција на границата со Саудиска Арабија бил уништен еден хотел и соседните улички кои се користеле како пазар.

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија изврши илјадници воздушни напади врз бунтовниците Хути, кои тргнаа од Саада, но сега контролираат голем дел од земјата.

Бомбардирањето сè уште не ја постигна својата цел за враќање на власта на меѓународно признаената влада, но конфликтот, во кој загинаа над 10 илјади луѓе, предизвика хуманитарна криза.

Саудиска Арабија и нејзините сојузници, кои добиваат логистичка и разузнавачка помош од САД, ги обвинуваат Хутите дека се филијала на нивниот соперник Иран. Хутите тоа го негираат и велат дека водат патриотски вооружен отпор против надворешните агресори поддржани од Западот.

XS
SM
MD
LG