Достапни линкови

Путин во Техеран ќе разговара за војната во Сирија


Архивска фотографија: Иранскиот и рускиот претседател, Хасан Рохани и Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за конфликтот во Сирија и енергетската соработка со неговиот ирански колега Хасан Рохани и со иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, при неговата денешна посета на Техеран. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, рече дека на агендата ќе бидат „прашања поврзани со Сирија“, но не даде детали.

Русија и Иран го поддржуваат претседателот Башар ал-Асад во конфликтот во Сирија, додека САД и Турција поддржуваат различни бунтовнички групи.

XS
SM
MD
LG