Достапни линкови

Пучдемон се враќа во Бaрселона


Сменетиот лидер на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пучдемон во Брисел, 31.10.2017.

Сменетиот лидер на шпанскиот регион Каталонија, Карлес Пучдемон изјави во Брисел дека очекува „правично судење“ во Шпанија и според шпанскиот весник „Ла Вангардија“ тој се враќа во Барселона со најмалку двајца исто така сменети министри за да се појави на суд. Тој е обвинет за бунт поради прогласување независност на Каталонија. Пучдемон вчера во Брисел изјави дека бил подготвен да учествува на вонредните избори во Каталонија во идниот месец. Според некои шпански медиуми, тој веќе се вратил во Барселона. Нему и на сменетите министри шпанскиот суд им нареди во рок од три дена да уплатат над 6 милиони евра како гаранција дека ќе дојдат на суд в четврток или во спротивно ќе им биде одземен имотот.

XS
SM
MD
LG