Достапни линкови

Трамп нареди екстремна проверка на имигранти по нападот во Њујорк


Узбек Сајфуло Хабибулаевич Саипов

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди дополнителни екстремни проверки на имигранти откако полицијата уапси државјанин на Узбекистан под сомневање дека во терористички напад синоќа убил осум луѓе во Њујорк. Тоа беше прв таков напад во овој град од терорситичките напади на 11 септември 2001 година, како и прв напад во САД изведен со возило како во Европа. Во твитер пораката за најновата наредба Трамп порачува „Да се биде политички коректен е убаво, но не и за ова“. Претходно тој објави дека нападот бил извршен од „многу болна и пореметена личност“. Полицијата соопшти дека осомничениот кој бил застрелан, а потоа и уапсен на местото на настанот, со возило удирал во пешаци и велосипедисти во близина на Светкиот трговски центар. Станува збор за 29 годишниот Узбек Сајфуло Хабибулаевич Саипов кој, според медиумите, влегол во САД во 2010 година. Сведоци изјавија дека при нападот извикувал „Алаху Акбар“, односно „Господ е голем“.

XS
SM
MD
LG