Достапни линкови

Неколку луѓе убиени во Њујорк кога возило помина по патека за велосипеди


Њујорк. Полиција на велосипедската патека на која со возило се убиени неколку лица а голем број се повредени

Полицијата во Њујорк соопшти дека неколку лица се убиени, а голем број други се повредени откако возило поминало по патека за велосипеди што се протега покрај реката Хадсон во Менхетен.

Одделот на полиција во Њујорк на Твитер напиша дека возилото погодило друго возило , а потоа возачот на едно од возилата "излегол имитирајќи истрели од огнено оружје и бил застрелан од полицијата".

Осомничениот бил однесен во притвор.

Неидентификувани лица изјавија дека шест лица загинале во инцидентот кој се третира како акт на тероризам.


Еден сведок за медиуите изјави дека видел бел пикап кој возлел по велосипедската патека по должината на автопатот Вест Сајд со полна брзина и погодил неколку луѓе.

Тој, исто така, кажа дека слушнал девет или 10 удари.

Канцеларијата на градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, соопшти дека тој се упатува кон местото.

XS
SM
MD
LG