Достапни линкови

Македонија на 11 то место во извештајот "Дуинг бизнис"


"Дуинг бизнис". Извештај на Светска банка, лого

Во нaјановиот извештај „Дуинг бизнис“ на Светска банка, Македонија е рангирана на 11-та позиција во светот и заедно со Грузија која е на 9-то и Литванија на 16-то место се најдобро рангирани економии од регионот.

Во претходниот извештај, Македонија беше на 10-та позиција.

Македонија, како што стои во извештајот, имплементирала 41 реформа, исто како и Казахстан, а Грузија 47, која е со најмногу реформи во изминатите 15 години.

"И покрај пролонгираната политичка криза, Македонија и натаму е една од најдобро рангираните економии според олеснување на бизнисот, вели Марко Мантованели", директор на Канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Најважни успеси на Македонија во текот на изминатите 15 години вклучуваат дека е единствена економија со средно-високо ниво на приходи помеѓу најдобрите 20 земји во севкупното рангирање на олеснување водење бизнис. Македонија е на второ место по бројот на спроведени реформи, вкупно 41, помеѓу 20-те најдобри економии

Светска банка во своите извештаи ја класифицираше Македонија како топ реформатор. За да се задржи растечкиот тренд, препоракaта до новата Влада е да се продолжи со стимулативно – активни мерки и намалување на даноците.

XS
SM
MD
LG