Достапни линкови

Соработник на ИД екстрадиран во САД, се криел во Сараево


Член на Исламската држава, придружуван од антитерористички агент, 15 февруари 2017 година

Властите на Босна и Херцеговина денеска на САД им го предадоа осомничениот исламист Мирсад Кандиќ, против кого пред американски суд се води судски процес.

Како што јавија босанските медиуми, Кандиќ бил екстрадиран во САД со специјален авион.

Кандиќ е обвинет дека и се приклучил на групата Исламската држава (ИД) во Сирија, каде бил задолжен за набавка на експлозивни појаси, кои ги користеле бомбашите-самоубијци, како и на пешадиско оружје.

Кандиќ (36) е обвинет и дека учествувал во подготовката на нападот што во 2015 година во ирачкиот град Рамади го изврши 18-годишниот австралиски исламист Џејк Биларди.

Агентите на ФБИ со години собирале информации за активностите на Кандиќ, босански исламист роден на Косово, и утврдиле дека тој користел пет различни идентитети за да патува низ светот.

Дури по неколку месеци тој бил откриен во Сараево и уапсен во јули годинава, по што бил држен во строг притвор се до денешната екстрадиција во САД.

XS
SM
MD
LG