Достапни линкови

Багдад ја презеде контролата врз граничен премин во ирачки Курдистан


Ирачките владини сили ја презедоа контролата врз главниот граничен премин со Турција во ирачкиот курдски регион, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим пред членови на владејачката партија во Анкара. Тој рече дека граничните контроли сега ќе бидат спроведувани од ирачки и турски претставници.

Ирачките сили го подигнаа ирачкото знаме и го симнаа знамето на курдскиот регион на граничниот премин Ибраим Ал Халил. Нема информации за судири.

Ирачкиот курдски регион е изолиран од соседите по референдумот за независност одржан минатиот месец. Ирак, Иран, Турција и западните сојузници се спротивставија на референдумот.

Ирачките и турските сили во изминатите денови одржуваа заеднички воени вежби.

Во меѓувреме, ирачката армија соопшти дека Багдад се подготвува да ја преземе контролата на границата меѓу ирачкиот курдски регион и Сирија.

XS
SM
MD
LG