Достапни линкови

Американска амбасада – Локалните избори го подобрија демократскиот процес


Американската амбасада во Скопје

Американската амбасада во Скопје се согласува со прелиминарните заклучоци на ОБСЕ/ОДИХР дека локалните избори беа компетитивни и дека почитувањето на основните слободи придонесе кон подобрување на демократскиот процес. Велат дека овие заклучоци се во согласност со она што тимовите од Амбасадата на САД го забележаа за време на првиот и вториот круг од изборите.

„Таму каде што постои загриженост за неправилности и злоупотреби, повторно им препорачуваме на граѓаните да ја искористат соодветната процедура и да ги пријават, а на релевантните власти, брзо да ги адресираат. Исто така, им препорачуваме на Државната изборна комисија и на другите релевантни владини тела да го искористат периодот по овој изборен процес за да се фокусираат на препораките на ОДИХР што беа дадени по изборите во 2016 и во 2017 година. Со ова ќе се зајакнат идните изборни процеси“, се наведува во соопштението од амбасадата на САД.

XS
SM
MD
LG