Достапни линкови

Уапсен Сириец кој планирал терористички напад во Германија


Полицајци пред станбената зграда во Шверин каде што беше уапсен 19-годишниот Сириец, осомничен дека подготвува исламистички мотивиран бомбашки напад

Германската полиција уапси 19-годишен Сириец, осомничен дека подготвува исламистички мотивиран бомбашки напад, информира обвинителството. Човекот, идентификуван како Јаман А. Беше уапсен рано утринава во градот Шверин на северот на Германија, се наведува во соопштението од обвинителството. Тој се сомничи дека планирал и „веќе конкретно подготвил исламистички мотивиран напад во Германија користејќи многу силни експлозиви“. Обвинителството наведува дека негова цел била „да убие и да повреди колку што може повеќе луѓе“. Сириецот набавувал компоненти и хемикалии за изработка на бомба, но сè уште е непознати дали има избрано одредена цел.

Нема индикации дека тој бил член на терористичка организација.

Властите не соопштија кога Сириецот пристигнал во Германија.

Германската полиција е во состојба на тревога од исламистички напади. Во напад со камион на божиќен пазар во Берлин минатата година загинаа 12 луѓе. Исламската држава ја презеде одговорноста за тој напад.

XS
SM
MD
LG