Достапни линкови

Сè уште нема приговори до ДИК, рокот истекува во два по полноќ


Архивска фотографија: Државната изборна комисија

Партиите до два часот по полноќ може да поднесат приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори. Досега не е поднесен ниту еден приговор, иако ВМРО-ДПМНЕ се жалеше на бројни нерегуларности.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на жалбата.

Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

XS
SM
MD
LG