Достапни линкови

Ердоган тужи пратеник од главната опозициска партија за навреда


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поднесе тужба против истакнат пратеник од главната опозициска Народно републиканска партија (НРП), кој го нарекол „фашистички диктатор", изјави еден од адвокатите на Ердоган.

Портпаролот на НРП, Булент Тезџан, кој остро го критикуваше Ердоган, рече дека во Турција има „застрашувачка атмосфера".

Коментарите на Тезџан предизвикаа остри реакции од претседателството и пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот.

Навреда на претседателот во Турција се смета за кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до четири години.

XS
SM
MD
LG