Достапни линкови

Вучиќ - Мислам дека ова ми е последен мандат


Знам дека рокот на траење ми е ограничен и најверојатно ова ми е последниот мандат, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој дополни дека таа одлука не е поради оние кои го напаѓаат, ниту затоа што го уриваат твитерџиите, кои според него се полни со омраза. Во синоќешното интервју за српската телевизија ТВ Пинк, Вучиќ рече дека е факт оти сè е насочено против него, сите критики и грди зборови му се нему наменети, а секој кој ќе се осмели да го брани, мора да мине низ критики, навреди и исмевања.

„Ова е мој избор. Инаку тие не би ме победиле до 2040 година“, изјави Вучиќ на синоќешното гостување на ТВ Пинк, на кое беа присутни и новинар од „Политика“ и директорката на „Танјуг“.

Воедно, тој истакна дека постојат сериозни аргументи за предвремени избори и оти таа опција ќе биде разгледана.

XS
SM
MD
LG