Достапни линкови

Фејсбук: Половина од гласачите во САД можеби виделе руски политички пораки


Фејсбук најде 80 илјади постови објавени од оперативци со седиште во Русија, чија цел било влијание врз американските гласачи. Во извештајот до Конгресот се наведува дека околу 126 милиони Американци можеби ги виделе овие постови во период од две години. До ова дојде откако Твитер објави извештај дека исто така откри голем број сметки поврзани со истите руски оперативци од Агенцијата за истражување на интернет, позната по промоција на промосковски пораки. Двете компании денеска треба да сведочат пред Комитетот за правосудство во Сенатот. Најновото објавување на Фејсбук покажува дека руските напори за влијание врз политичкото мислење во САД далеку ја надминува претходната проценка на компанијата.

XS
SM
MD
LG