Достапни линкови

Уште денеска приговори за вториот круг од изборите


Локални избори 2017

Партиите уште денеска можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија за вториот круг од локланите избори. На веб - страницата на Комисијата до изутрината нема внесено приговори за вториот круг од изборите за градоначалници иако некои кандидати веќе најавија. ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Рокот од 24 часа за поднесување приговори за повреда на личното избирачко право истече. На денот на изборите поднесени се четири приговори од граѓани кои не биле запишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувањето на јавниот увид.

XS
SM
MD
LG