Достапни линкови

Столтенберг бара целосно спроведување на санкциите врз Северна Кореја


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара сите членки на Обединетите нации целосно и транспарентно да ги имплементираат санкциите врз Северна Кореја. Според него, таа земја претставува закана за целиот свет со оглед на тоа што нејзините балистички ракети можат да достигнат до Европа и Северна Америка. „Северна Кореја претставува глобална закана и затоа е неопходен глобален одговор“, изјави тој во Токио по средбата со јапонскиот премиер Шинзо Абе. Престојот на Столтенберг во Токио доаѓа пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Јапонија која почнува в сабота.

XS
SM
MD
LG