Достапни линкови

Убиена сопругата на чеченецот обвинет за заговор за атентат врз Путин


Амина Окујева

Сопругата на чеченецот обвинет од руските власти за заговор за убиство на рускиот претседател Владимир Путин била убиена во заседа во близина на Киев. Адам Осмајев изјави дека тој и неговата сопруга Амина Окујева биле нападнати, односно било пукано врз нивниот автомобилдодека минувале еден железнички премин. Во нападот Адам бил ранет, но не е во животна опасност. Тој во 2012 година беше обвинет од руските власти дека планирал да го убие претседателот Путин. Три години минал во украински затвор за илегално поседување експлозив и никогаш не и бил израчан на Русија. Осмајев и неговата сопруга веќе преживеале еден атентат на 1 јуни во Киев.

XS
SM
MD
LG