Достапни линкови

Десетина повредени при автобуска несреќа во Бугарија


илустрација

Околу 10 лица биле повредени синоќа, кога автобус се преврти на автопатот „Тракија“ во реонот на бугарскиот град Јамбол. Според бугарската полиција, сите повредени патници биле пренесени во болници во Јамбол и Бургас и се вон животна опасност. Инцидентот се случил кога автомобил му го пресекол патот на автобусот, по што возачот изгубил контола врз возилото и тоа се првртило крај автопатот. Автобусот, во кој имало 30 патници, се движел од Софија кон црноморското одморалиште Сончев Брег.

XS
SM
MD
LG