Достапни линкови

Талибанци убиле девет полицајци во Авганистан


Авганистански полицаец.

Најмалку девет полицајци се убиени во Авганистан во напад од страна на талибанци врз безбедносен контролен пункт во југоисточниот дел на земјата, соопштија авганистанските власти. Во нападот се повредени уште четворица полицајци. Во текот на едночасовната борба загинале и седум талибански борци. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот.

Талибанци денеска нападнале и во северната провинција Баглан, но властите велат дека владините сили го одбиле нападот. И таму било нападнато седиште на полицијата, но според авганистанските власти, талибанците претрпеле тежок пораз, со 20 мртви и повредени.

Во последно време се зголемија нападите од талибанците врз безбедносни контролни пунктови и воени бази, особено во јужните и источните региони во авганистан.

XS
SM
MD
LG