Достапни линкови

Шолтес е нов известувач на Европскиот парламент за Косово


Игор Шолтес, пратеник во Европскиот парламент.

Словенечкиот политичар и адвокат Игор Шолтес е назначен за нов известувач на Европскиот парламент за Косово.

Шолтес, кој има 53 години, е пратеник во Европскиот парламент од 2014 година и потпретседател на делегацијата на парламентарниот одбор за стабилизација и асоцијација на Србија.

Тој денеска присуствуваше на прошталните состаноци на досегашната известувачка Урлике Луначек со шефовите на косовските институции.

XS
SM
MD
LG