Достапни линкови

Уште една жена сака да се кандидира на претседателските избори во Русија


Руската новинарка и телевизиска водителка Екатерина Гордон.

Руската новинарка и телевизиска водителка Екатерина Гордон најави дека планира да се кандидира на претседателските избори во март наредната годината, на кои се очекува претседателот Владимир Путин да побара и да добие нов мандат од граѓаните.

Во видео снимката објавена денеска на Јутуб, 37-годишната Гордан, која е и пејачка и текстописец, како и сопственик на адвокатска канцеларија, вели дека „најверојатно“ ќе биде единствената кандидатка што ќе се кандидира без отворена или премолчана поддршка од администрацијата на Путин.

Претходно кандидатура најави и познатата водителка и активистка Ксенија Собчак, која е ќерка на поранешниот шеф и ментор на Путин, Анатолиј Собчак.

XS
SM
MD
LG