Достапни линкови

Ѓорчев - изборите беа најнерегуларни


Архивска фотографија - Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Изборите вчера беа најнерегуларните и најнедемократските избори во историјата на независна Македонија, рече пратеникот Владимир Ѓорчев на прес-конференција.

Тој вели дека партијата до меѓународните претставници од ОБСЕ и ОДИХР доставила видео и фото материјали за голем број, како што велат, изборни криминали. И тој, како и лидерот на партијата Никола Груевски набројуваше серија нерегуларности, кои според нив, биле забележани на изборите. И Ѓорчев, како и Груевски на синоќешната прес-конференција, за голем дел од нерегуларностите, како виновник го посочија МВР. Ѓорчев уште еднаш ги прочита седумте барања на ВМРО-ДПМНЕ.

По пресот на Ѓорчев реагираа од владејачката СДСМ. Тие порачуваат ВМРО-ДПМНЕ да го признае убедливиот пораз. Од партијата велат дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став за непризнавање на изборниот процес.

XS
SM
MD
LG