Достапни линкови

Пријави за Радио Скопје и ТВ Нова за прекршување на Изборниот законик


Првиот програмски сервис на Македонското радио (Радио Скопје) и ТВ Нова го прекршиле Изборниот законик во текот на вториот круг за Локалните избори поради што ќе бидат поднесени барања до надлежен суд за покренување прекршочна постапка, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Според АВМУ, во тек на изборниот молк во емисија за земјоделците на Радио Скопје биле емитувани изјави од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

ТВ Нова, пак, соопштува АВМУ, во два наврата, на 26 и 27 октомври, последни денови од мониторингот на изборната кампања, ги прекршила лимитите за платено политичко рекламирање, односно емитувала повеќе политички реклами од дозволеното.

АВМУ најавува дека кон крајот на неделава ќе бидат објавени извештаите за начинот на известување на радиодифузерите за време на изборната кампања во вториот круг.

XS
SM
MD
LG