Достапни линкови

Реформаторите од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Груевски


Архивска фотографија: Алексадар Михајловски, предводник на иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција во Скопје

Реформаторското крило на ВМРО-ДПМНЕ бара итна оставка од лидерот на партијата Никола Груевски и сметаат оти не е потребно распишување предвремени парламентарни избори по големата загуба што ја претрпе партијата на локалните избори, бидејќи со тоа во моментов таа само уште повеќе би ја загубила силата и би се дефакторизирала.

Освен оставка од Груевски, тие бараат и организирање слободен, демократски и обединувачки конгрес донесување нов демократски статут на партијата и избор на нови органи. Предложи организирање управувачки комитет на партијата, како времено тело, кое ќе има претставници од сите релевантни структури на партијата, а ќе го предводи човек, кој има персонален интегритет да обединува. Не сакаше да шпекулира со можните имиња, за тоа кој би бил тој човек.

Петар Богојески од „реформаторите“ ги повика членовите и симпатизерите да изберат меѓу патот на европската иднина и обединувањето, што го носат реформите во партијата или патот на минатото и пропаста, по кој се оди во моментов под водство на Груевски.

Тој рече дека не планираат да се отцепуваат од ВМРО-ДПМНЕ, туку дека ако Груевски инсистира на поделби и отцепувања „може слободно со малкумината поддржувачи да си формира своја партија“.

XS
SM
MD
LG