Достапни линкови

ОБСЕ/ОДИХР – Конкурентни избори со почитување на темелните слободи


Архивска фотографија: Прес-конференција на набљудувачите на ОБСЕ и на Конгресот на локални регионални власти на Советот на Европа на 16 октомври 2017

Вториот круг од локалните избори беа конкурентни, а почитувањето на темелните слободи придонесе за спроведување демократски избори, соопшти набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарниот извештај.

Тие наведуваат дека медиумите овозможиле балансирано покривање на кандидатите, иако тоа било засенето од црната кампања. Се наведува дека и покрај недоволната обука на гласачките одбори, изборниот ден генерално бил професионално спроведен.

„Партиите се бореа за поддршка и надвор од нивните традиционални бази за поддршка, иако повремено користеа агресивна реторика и имаше извештаи за изолирани инциденти на злоупотреба на државни ресурси и купување гласови“, рече амбасадорката Одри Гловер, шефица на набљудувачката мисија на ОДИХР.

XS
SM
MD
LG