Достапни линкови

Авганистан бара меѓународни санкции за талибанците


Главниот извршен шеф на Авганистан, Абдула Абдула(десно) на средба со шефот на Комитетот за санкции во Советот за безбедност на ОН, Каират Умаров во Кабул

Главниот извршен шеф на Авганистан, Абдула Абдула, го повика Советот за безбедност на ОН да воведе санкции против раководството на талибанците. Тој ова го изјави по вчерашната средба со шефот на Комитетот за санкции во Советот за безбедност на ОН, Каират Умаров во Кабул.

Абдула, во соопштение по средбата, вели дека талибанците се „немилосрдни убијци“, одговорни за уништувањето на Авганистан и оти „треба да се сметаат за терористи“. Тој бара Комитетот за санкции да ги ограничи движењето и активностите на талибанското раководство и да се воведат санкции врз нивните финансиски ресурси.

Се верува дека раководството на талибанците е стационирано во градот Куета во Пакистан, во близина на границата со Авганистан.

САД и другите светски сили не ги прогласуваат официјално талибанците за терористичка организација во надеж дека ќе ги поттикнат на мировен договор.

XS
SM
MD
LG